„Амнести интернешнл“: Притисоците врз СЈО продолжуваат

by fokus

Специјалното јавно обвинителство кое беше назначено од Собранието во 2015 година да ја истражи вмешаноста на функционери во скандалот со прислушувањето и вмешаноста на политичари во криминал, продолжува да се соочува со притисоци во извршувањето на својата работа, стои во Извештајот на „Амнести интернешенел“ за состојбите со човековите права за 2016/2017 година.

-Во октомври (минатата година, н.з.) транзициониот парламент, го одби предлогот за продолжување на мандатот на СЈО, кој истекува во јуни 2017 година, за завршување на сите истраги, како и предлогот за подобар пристап до програмите за заштита на сведоци (барањето за измени на Законот за заштита на сведоци, н.з.) вклучени во истрагите на СЈО, се вели во Извештајот.

Во делот посветен на Македонија, освен притисоците за СЈО, се нотира и дискриминацијата на Ромите во земјава во остварувањето на основните прави и услуги. Во врска со мигрантската криза, АИ во извештајот наведува дека бегалците и мигрантите од страна на македонските власти рутински се враќаат назад во Грција, додека оние кои се затекнати во земјава, пред затворањето на границите, се сместени во неадекватни кампови и сместувачки центри за странци и за баратели на азил.

Поврзани новости