Амнести интернешенал со критика за новите гранични правила за бегалците

by Фокус

Новите правила за гранична контрола, кои изминативе 48 часа речиси симултано беа воведени од владите на Македонија, Србија и Хрватска, резултираа со кршење на човековите права од големи размери, вклучувајќи и протерување и дискриминација на индивидуи за кои се тврди дека се економски имигранти или бегалци, врз основа на нивната националност, соопшти денеска Амнести интернешенал.

– Ова е исклучително загрижувачка серија настани, што става во незавидна положба илјадници луѓе само на основа на тоа од каде доаѓаат. Во време кога владите на Балканот и во Европа се заложија на соработка за унапредување на безбедноста и обезбедување азил на Балканската рута, се случува спротивното –  вели Џон Далхиен, директор за Европа и Централна Азија во Амнести интернешенал.

Според нив, овие влади делуваат без да размислат за последиците од тоа што илајдници луѓе се наоѓаат во прилично лоши и несоодветни услови, без избор каде да одат и со многу мала хуманитарна помош.

– Ова само ќе ги втурне во рацете на шверцерите. Имајќи предвид дека уште многу луѓе допрва доаѓаат, потребно е да се престане со влошување на и онака лошата ситуација – се наведува во соопштението од организацијата.

Поврзани новости