Амфилохије е во стабилна состојба, уверуваат од неговата митрополија

by Фокус

Откако повеќе медиуми од Црна Гора и Србија објавија дека Митрополитот црногорско-приморски на Српската православна црква, Амфилохије, починал како последица на компликации од Ковид-19, неговата Митрополија ја демантираше веста, од каде истакнаа дека тој е во стабилна состојба.

„По повод дезинформациите кои се појавија во врска со здравствената состојба на Митрополитот Амфилохије, ја известуваме јавноста дека во однос на денешниот извештај, состојбата е непроменета. Проблемот со воздухот во средината на белите дробови е под надзор на лекарскиот тим, кој од самиот почеток се грижи за закрепнувањето на високопреосвештениот митрополит Амфилохије,“ се вели во соопштението од Приморската Митрополија на СПЦ.

Денеска, за време на контролен преглед, било забележано дека на митрополитот му е отежнато дишењето, а имал и болки во градниот кош. Инаку, Митрополитот повеќе од 20 дена се лекува во болница.

Поврзани новости