Aмети, пред камери, замина со автобус на работа

by fokus

Министерот за животна средина Башким Амети еден ден по контроверзните изјави  во емисијата „Алсат М”, каде рече дека никој нема да му кажува колку да се вози со неговиот автомобил, вчера пред провладиниот објектив, тргна на работа со автобус, пишува НОВАТВ.

Амети се налути на прашањето- зошто и тој како и другите на кои им препорачува, не користи јавен превоз за намалување на загаденоста на воздухот. „Нема вас да ве прашам дали и колку ќе се возам со автомобилот” и рече министерот на новинарката.

После тоа, дел од провладините медиуми блиски до ДУИ објавија „случајни” фотографии од Амети додека се вози во градскиот автобус, посочувајќи ја „одговорноста на министерот за животната средина и загадувањето “

Поврзани новости