Американскиот џет-сет пиеше македонско вино во Њујорк

by fokus 12:15
12:15

Македонски вина се служеа на хуманитарниот настан што се одржа  минатата недела во Њујорк во организација на познатата модна дизајнерка Дона Каран и Фондацијата „Urban Zen“.

На настанот насловен „Stephan Weiss Apple Awards“ присуствуваа звучни имиња од областа на модата, забавата, политиката, филмската и музичката индустрија меѓу кои Дона Каран, Келвин Клајн, Томи Хилфигер, Кит Ричардс, Џими Нелсон, Иман, Хелена Кристенсен, Бернадет Питерс, Росана Ското, Кристи Турлингтон, итн.

- Advertisements -

Здружението „Вина од Македонија(  (Wines of Macedonia) беше спонзор на престижниот настан, a учество земаа македонските винарии со своите премиум вина, кои имаа одлична можност да се промовираат пред џет-сет посетителите за време на коктелот и вечерата. Гостите, наведуваат од Здружнието, навистина уживаа во префинетиот вкус на нашите најквалитетни и наградувани вина.

Минатата недела се одржаа и промоции на „Вина од Македонија“ со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за чија организација беше ангажирана македонска маркетинг агенција која има своја канцеларија во Њујорк, а помогна во организација на спонзорството за овој хуманитарен настан:

-На ексклузивните вински настани за презентација на македонското вино учествуваа македонските винарии кои ги претставија своите најдобри производи пред реномирани личности од областа на винската индустрија, а дополнителна значајна улога во овие промоции претставуваше и овој хуманитарен настан. Ова беше одлична можност за нашите винарии да ги промовираат своите производи пред американскиот џет сет и за градењето на имиџот на Македонија како винска земја, изјави Елена Младеновска Јелековиќ, извршен директор на Здружението.

Настанот „Stephan Weiss Apple Awards“ се одржува традиционално од 2011 година, а главната цел е да ги признае и истакне хуманитарните дела од доменот во кој работи „Urban Zen“ Фондацијата, односно здравството, образованието и културата

Поврзани новости