Американски научници: Ковид-19 нема да исчезне со затоплување на времето

by Fokus

Американски научници испратија писмо до Белата куќа во кое се тврдат дека се чини дека коронавирусот нема да исчезне при пристигнувањето на потоплите временски услови.

Во писмото до Белата куќа, членовите на Националната академија на науките велат дека податоците за тоа колку топлото и ладното време влијаат на коронавирусот не се конкретни. Тие забележуваат дека дури и ако потоплото време влијае на вирусот, нема да биде многу бидејќи малку луѓе во светот станаа имуни на вирусот досега.

Во писмото се наведува дека студија во Кина покажала дека вирусот се шири експоненцијално дури и во услови на максимална температура. Секое заразено лице го распространува во просек на две други лица.

Д-р Вилијам Шафнер, специјалист за заразни болести од универзитетот „Вандербилт“, вели: „Иако можеме да се надеваме дека времето ќе придонесе за забавување на ширењето на вирусот, не можеме да се потпреме само на тоа. Мора да продолжиме да примениме социјално дистанцирање и други мерки за намалување на преносот“ , изјави тој за Си-Ен-Ен.

-Постојат некои докази кои сугерираат дека коронавирусот може побавно да се пренесува во средини со повисоки температури и влажност. Сепак, со оглед на глобалниот недостаток на имунитет, ова намалување на ефикасноста на преносот не може да доведе до значително намалување на ширењето на болеста без придржување кон строги мерки, се нагласува во писмото.

 

Поврзани новости