Американски конгресмени бараат истрага на работата на Џес Бејли во Македонија

by fokus

Шест републикански конгресмени бараат истрага за работата на америкаснката амбасада во Македонија. Водечкиот американски републикански конгресмен Кристофер Смит побарал објаснување од амбасадорот Џес Бејли за обвинувањата дека Амбасадата во Скопје работи во полза на политички партии и финансира проекти на фондацијата на Џорџ Сорос во Македонија.

Амбасадата на САД во Скопје соопшти дека го поздравува интересот од американскиот Конгрес во однос на нејзината работа.

-Ја поздравуваме истрагата од Конгресот и можноста да обезбедиме информации за нашите активности и контекстот во кој работиме за постигнување на нашите цели. Одговараме на распрашувањата како што е побарано- велат од амбасадата на САД.

Писмото кое конгресмените го упатиле до амбасадорот Бејли на 17 јануари, покрај од Смит, потпишано е и од познатиот конгресмен од Тексас, Луи Гомерт, Роберт АдерХолт, кој е долготраен поддржувач на Македонија во Конгресот, Ренди ХалТгрин, Роберт ПитеНгер и Џед ФортеНбери. Сите потписници се републиканци блиски до администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Поврзани новости