Американската преставничка за воени злосторства: Сите страни треба да ги сносат последиците

by Fokus

Американската претставничка за воени злосторства, Бет ван Шак, изјави дека САД се свесни за наводите дека украинските сили убиле заробени руски војници и порача дека сите страни би требало да сносат последици доколку извршиле злосторства за време на конфликтот.

-Очигледно е дека тоа внимателно го следиме. Многу е важно да се нагласи дека законите на војната важат подеднакво за сите страни: и за државата агресор и за државата што ја брани, и во иста мера, изјави вчера Ван Шак за време на телефонски брифинг со новинари.

Британските медиуми пренесуваат дека таа, истовремено, истакна дека „сите страни во конфликтот мора да го почитуваат меѓународното право или да се соочат со последиците“.

Руското Министерство за одбрана во петокот посочи дека на социјалните мрежи биле објавени видео снимки на кои наводно се гледа како украински војници егзекутираат руски воени заробеници.

На снимката се гледа како руски војници лежат на земја откако очигледно се предале, а потоа се слуша пукање од автоматска пушка и на снимката се гледаат околу 12 тела.

Поврзани новости