Американската полиција почна акција за расчистување на Капитол, новинарите евакуирани од Сенатот

by fokus

Димни бомби се распоредени на страната на Сенатот на Капитол, бидејќи полицијата работи на расчистување на зградата од демонстрантите, пренесе Си-Ен-Ен.

Прозорците на западната страна на Сенатот се скршени, а стотици полицајци се собираат на првиот кат од зградата.

На новинарите на Си-Ен-Ен кои работат во американскиот Сенат, од полицијата им било кажано дека тие ќе бидат евакуираат од Сенатот, на непозната локација.

Полицијата од Капитол исто така вели дека Сенатот нема да заседава денеска или во скоро време, велејќи дека зградата била уништена.

Поврзани новости