Американската амбасада за акцијата за заплена на дрога: Како и во случајот со пасошите, работевме заедно со МВР

by fokus

Американската амбасада во Скопје потврди дека работела заедно со Министерството за внатрешни работи (МВР) и дала техничка поддршка за вчерашната акција во која полицијата пресретна камион со марихуана во вредност од 800.000 евра, што транзитирал низ Македонија. Во полициската акција е уапсен е командирот на полициската станица Прилеп Кире Спиркоски.

„Во овој случај, како и во случајот со пасошите, работевме заедно со МВР и дадовме техничка поддршка“, велат од Американската амбасада во Скопје за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Министерот за внатрeшни работи Оливер Спасовски вчера кажа дека МВР акцијата ја спроведува со помош на Американската агенција за борба против дрога (ДЕА).

Поврзани новости