Американска амбасада: Граѓаните да гласаат, а надлежните од власта да ги истражат сите наводи за злоупотреба

by Fokus

Претстојните локални избори на 15 октомври се важни за иднината на Македонија како просперитетна и стабилна демократија, целосно интегрирана во евро-атлантските институции, истакнаа од Американската амбасада. 

– Ги охрабруваме сите граѓани да го искористат своето право на глас, да ги искажат своите ставови за проблемите во нивните заедници и да ја реафирмираат својата определба кон демократските вредности и владеењето на правото. Ги охрабруваме граѓаните, цивилното општество и медиумите да ги пријават сите сознанија за изборни нерегуларности на соодветните органи. Надлежните од централната и локалната власт треба целосно да ги истражат сите наводи за злоупотреба и да преземат соодветни мерки. На крајот, партиите, владините институции, новинарите и граѓаните, преку своите акции, ќе одредат дали процесот бил кредибилен – се наведува во соопштението. 

Според нив, изборите се клучен дел од секоја демократија и ги поддржуваме напорите со кои граѓаните се охрабруваат да гласаат. 

– Амбасадата на САД активно ќе учествува во набљудувањето на изборите, заедно со другите меѓународни и локални набљудувачи – се наведува понатаму во соопштението.

Поврзани новости