Американка со филипинско потекло е новата Мис Универзум

by fokus

Американката Арбони Габриел е избрана за нова Мис Универзум на натпреварот што годинава се одржа во САД, во Њу Орлеанс. Прва придружничка е Аманда Дудамел од Венецуела, а втора е Андреина Мартинез од Доминиканска Република.

Габриел е родена во 1994 година во Хјустон, а влезе во историјата во декември 2021 година како прва Американка со филипинско потекло која ја освоила титулата Мис Тексас.

-Татко ми се пресели во Америка од Филипините со стипендија за колеџ и околу 20 долари во џебот. Сакаше да си го отвори патот за нов живот. Во Тексас ја запозна мајка ми, селска жена од Бомонт. Јас сум многу горда Филипинка од Тексас, рече таа во октомври 2022 година.

Габриел е моден дизајнер, модел и инструктор за шиење. Новата Мис Универзум е и извршна директорка на сопствената линија за облека.

Инаку, натпреварот се одржа неколку месеци подоцна од вообичаеното, поради промени во организацијата. За оваа година, една од измените е што наместо традиционалните 20, жирито избра 16 натпреварувачи за саботната церемонија.

Поврзани новости