Амди ги повика Ромите да му останат лојални на ВМРО: Знам дека сте разочарани, ама на 15-ти ќе се развеселиме!

by Фокус

Сите Роми од Тетово и околината, заедно со мене и другите ромски политички партии треба да останат лојални на ВМРО-ДПМНЕ и со вас народот, порача Амди Бајрам на митингот на Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ДПМНЕ, во Тетово.

-Разочарани сте многу, но на 15-ти октомври сите ќе се развеселиме. Како ќе развеселиме? Со број 13. Да излеземе заедно да гласаме и да славиме заедно. А по гласањето, ќе бараме нови парламентарни избори – Бајрам.

Поврзани новости