Амди Бајрам за „Фокус“: Ќе го лекувам син ми во „Систина“, не им верувам на диктаторите во државните болници

by Fokus

Пратеникот Амди Бајрам во изјава за „Фокус“ тврди дека лекувањето на неговиот син и актуелен градоначалник на Шуто Оризари Елвис Бајрам ќе го продолжи во приватната болница „Систина“, затоа што не им верува, како што вели на дикататорите што работат во државните болници.

– Сите понатамошни зафати што треба да му се извршат на син ми ќе ги направиме во „Систина“. Не им верувам да докторите што го лекуваат. Тие се сите под диктатура. Пред да ни дадат отпусна листа чекавме од 10 сабајле до шест саат за да ни дозволат да си одиме – истакна Бајрам.

Тој додава дека вечерта кога бил митингот во Шуто Оризари, позади Заев биле сите тие кои биле вмешани во тепањето на син му.

– На митингот имаше 700 полицајци, а само 200 луѓе присуствуваа. Се е под дикататура. За тоа што се случи виновен е и Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи – додава Бајрам.

Поврзани новости