Пратеникот Амди Бајрам вчера на митингот во Куманово побара граѓаните во вториот круг на претседателските избори да излезат помасовно и Ѓорге Иванов да добие дури 650.000 гласови, наспроти оние 450.000 на 13-ти април.
– Можеме ли? Ќе гласаме ли? Треба ли 35 отсто повеќе? Па можеме! Зошто? Зошто еден претседател имаме во Република Македонија. А тоа е Ѓорге Иванов – порача пратеникот од Шуто Оризари.
Тој вчера го нарече Зоран Заев, Зајко Кокорајко и извади морков со кој наводно „ловџијата Амди Бајрам” ќе го улови.