Амбасадорите Бејли, Гарет и Пломп ни го зачистија ѓубрето на кејот на Вардар

by fokus

Амбасадорите на САД, Велика Британија и Холандија, беа дел од денешната акција на кејот и лично помогнаа во собирање на фрлениот отпад покрај Вардар. Џес Бејли, Чарлс Гарет и Ваутер Плом ги заскуаа ракавите и го собираа ѓубрето во кеси.

Акцијата се спроведува во организација на Пивара Скопје, Пакомак и Амбасадата на Холандија. Во неа покрај амбасадорите учествуваа (на волонтерска основа) и 70 вработени на Пивара Скопје, без кои акцијата немаше да успеее.

„Акциите како оваа се дел од американската традиција и се одличен начин да се собере заедницата во корист на заедничка цел“, велат од амбасадата на САД.

 

Поврзани новости