Амбасадор на соседна земја имал сериозна забелешка за националноста во личните карти, тврди Мицкоски

by fokus

Еден амбасадор од една наша соседна земја имал сериозна забелешка за законот за личните карти, односно најавата за впишување на националност во личните карти, тврди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој го повика премиерот Зоран Заев до Собрание да го достави предлог законот со европско знаменце.

– Еве зошто тоа не го направи ако навистина има толкава желба. Еве зошто тоа не го направи туку преку оние кои што им обезбедуваше логистика и друг тип на помош пред изборите за да краделе гласови од ВМРО–ДПМНЕ и како што тој вели да ја спаселе Македонија од Христијан, а пак доколку освојат пратеници тие пратеници ќе му бидат ставени на услуга на Зоран Заев еве сега гледаме тие пратеници му се на услуга на Зоран Заев со 100 илјади, двесте амандмани правата филибастеринг на предлог законот. Еве нека го стави тоа со европско знаменце и ќе види јавноста дали е така. Инаку апсолутно да тоа е одговорот, има сериозна забелешка од страна на амбасадор на една наша соседна држава, рече Мицкоски.

Поврзани новости