Амбасадата на САД: Целосно испитување на „Рекет“ за СЈО да може да продолжи со својата важна работа

by fokus

Амбасадата на САД во Скопје целосно ја поддржува одлуката на обвинителството да ги испита сите наводи за корупција и да ги гони како оправдани, засновани врз законот и веродостојни факти.

-Секој за кој се тврди дека ја злоупотребил довербата на јавноста мора да биде одговорен, велат од Американската амбасада за „360 степени“, по притворот на шефицата на СЈО Катица Јанева за случајот „Рекет“.

За САД важно е да се потенцира дека Специјалното јавно обвинителство игра важна улога во напорите на Северна Македонија да ја покаже посветеноста на земјата за независно судство и одговорност за минатите криминали и корупција.

– Ова ќе осигура дека Специјалното јавно обвинителство може да продолжи со својата важна работа и да продолжи да ги следи своите случаи без прекини, што пак ќе и помогне на Северна Македонија како што напредува во интеграција кон НАТО и Европа, велат од Амбасадата на САД во Скопје.

Поврзани новости