Амбасадата на САД предупреди на можни немири на 11 декември

by fokus 22:58
22:58

 

Американската амбасада во Скопје ги предупреди своите државјани дека во Македонија можни се немири на денот на изборите и им порача да избегнуваат масовни собири.

-Македонија ќе одржи парламентарни избори во недела, 11 декември. Додека неодамешните избори во Македонија беа мирни, можни се немири поврзани со изборите. Американската амбасада ги повикува сите американски државјани да бидат свесни за настаните во врска со изборите на 11 декември и да избегнуваат големи толпи, протести и собири кога е можно. Американските државјани треба да ги следат советите на локалните функционери кои се одговорни за безбедноста и сигурноста на сите посетители во Македонија- стои во соопштението на страницата на Амбасадата на САД во Македонија.

- Advertisements -

Од таму, во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК појаснуваат дека тоа е само стандардна процедура што се применува насекаде низ светот.

Предупредувањето, велат дека е безбедносна мерка и обврска на Амбасадата да се осигура дека „американските државјани се свесни дека ќе има избори и поради тоа може да има собири и масовни настани кои носат ризици од насилство.”

Поврзани новости