Амбасадата на САД го поздрави доделувањето на мандатот, очекува соработка со новата влада

by fokus

Одлична работа за Македонија и луѓето во Македонија е што процесот за формирање влада се движи во следната фаза и што наскоро ќе гледаме формирање на нова влада, изјави Микаела Швеицер Блум, заменик-амбасадор на САД и вршител на должноста амбасадор.

Од американската амбасада велат дека е важно да се нотира дека претседателот Иванов и лидерите на мнозинството коалициски партии нашле начин да соработуваат на конструктивен начин „за да дојдат до ова позитивно место за луѓето во Македонија“.

„Ние со нетрпение очекуваме да соработуваме со новата влада штом ќе се формира. Се надеваме дека ќе се формира брзо. Има многу работи кои треба да се направат за Македонија да оди напред кон итните реформи и на патот кон Евроатлантската заедница. САД остануваат пријател и партнер на Македонија, очекуваат да соработуваат со новата влада и да ја поддржуваат и помагаат во спроведувањето на реформите“, се вели во изјавата на Швеицер Блум.

 

Поврзани новости