Алтхаузер за Иванов: Колку поголем непријател, толку поголема чест за мене

by Fokus

„Колку поголем непријател, толку поголема чест за мене“, е коментарот на германската амбасадорка Кристине Алтхаузер на прашање на Макфакс за вчерашната изјава на претседателот Ѓорге Иванов, во која тој ја обвини дека пренесува лаги и невистини од Македонија и дека како резултат на тоа, Министерството за надворешни работи на Германија испраќа лоши соопштенија.

Според информациите на медиумот, коментарот Алтхаузер го дала на македонски јазик откако претходно нагласила дека вчера бил многу важен ден за Македонија и дека наспроти изјавата на претседателот таа секогаш имала добра комуникација со него.

Поврзани новости