Алтхаузер до Груевски: Берлин очекува мандатот да го добие СДСМ

by fokus

Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер денеска на средбата со Никола Груевски, порача дека официјален Берлин очекува мандатот да му се додели на втората по големина партија во Македонија.

Како што стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски рекол оти ситуацијата е зрела за нови избори, на што амбасадорката реагирала со изненаденост.

Груевски пак, објаснал дека изборите се најдобро решение, бидејќи, како што рекол, кој и да формира Влада ќе има потешкотии во функционирањето на парламентот и Владата поради тесното мнозинство.

-Она што се очекува е одлуката на претседателот Иванов, по што ВМРО-ДПМНЕ ќе се прилагоди на таквата одлука – порачал Груевски.

Тој уште еднаш порачал дека ЕУ премногу се меша во внатрешната политика на земјата, на што германската амбасадорка одговорила дека „заеднички се сложни дека целта е ЕУ и НАТО и дека се претставува Европската Унија и на тоа не треба да се гледа како на мешање.“

Поврзани новости