Алтернатива: Нашите министри се меѓу најуспешните – не е точно дека ќе бидат сменети

by Fokus

Mинистерoт за локална самоуправа Горан Милевски денеска се очекува да ја поднесе својата оставка на министерската позиција. Оставката на Милевски доаѓа во време кога се погласно се зборува за мини владина реконструкција во која би заминале уште неколку министри.

Во тој пакет се споменуваат двајца министри на Алтернатива, Беким Сали за здравство и Адмирим Алити за информатичко општество, а наводно Ковачевски сакал да му се заблагодари и на Благој Бочварски.

Гаши утрово за Сител вели дека не се точни овие информации. Од неговата партија додаваат дека сега за сега Владата функционира нормално и нема причина за реконструкција.

-Нашите министри Беким Сали и Адмирим Алити се меѓу најуспешните не само од Алтернатива туку и во целата Влада. Затоа не гледаме никаква причина за отворање на вакви теми, велат од Алтернатива.

 

Поврзани новости