Алсат-М: Вооружен напад на седиштето на ИВЗ

by Фокус

Пред малку е нападнато седиштето на Исламската Верска Заедница во Скопје, јави телевизјата Алсат-М. Според телевизијата, во ИВЗ упаднале 50 – тина вооружени лица, за кои телевизијата претпоставува дека се роднини на поранешниот секретар на ИВЗ, Африм Тахири и сега разрешениот скопски муфтија, Ибраим Шабани. Напаѓачите ги одзеле печатите на организацијата, а Тахири се самопрогласи за Реис.

Истече ултиматумот од 48 часа кој муфтијата Шабани му го определи на поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи за да се извини јавно за навредите изречени на манифестацијата за успешно завршената денационализација на имотот на ИВЗ. Во моментот се водат разговори за разрешување на конфликтот.

Поврзани новости