Алсат М: Укинат притворот на Сеад Кочан

by Fokus

Укинат е притворот за сопственикот на „Трансмет“ бизнисменот Сеад Кочан, објави телевизијата Алсат М.

Според информаците на телевизијата, ваква одлука била донесена во текот на вчерашниот ден и со ова се поништува домашната и меѓународната потерница која полицијата ја распиша за Кочан.

Бизнисменот е во бегство веќе два месеци кратко откако Специјалното обвинителство објави дека тој е еден од осомничените во случајот „Труст“.

Во предметот „Труст“ осомничени се три физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на Електрани на Македонија.

Според истрагата на СЈО осомничените се товарат дека на незаконски начин оствариле профит од 17 милиони евра.

Според СЈО станува збор за злоупотреби сторени на тендер на АД Елем за ископ на јаловина и јаглен во Суводол објавен на 7 октомври 2011 година, а како осомничени се јавуваат сопственикот на „Трансмет“ Сеат Кочан, директорот на „Силекс ДОЕЛ“ Василије Авировиќ и управителот на фирмата „Вато“ од Скопје, Сафет Ватиќ, како и самите компании. Овие лица на тендерот на ЕЛЕМ дале лажни податоци за поседување техничка опрема и кадровска екипираност. И покрај приложената невистинита документација, Комисијата за јавни набавки на ЕЛЕМ го избрала овој конзорциум како најдобар понудувач и сите пари досега се исплатени и покрај тоа што е злоупотребена постапката.

Поврзани новости