Алсат М: Според договорот Македонија треба да го избрише делот „да се заштитуваат македонските малцинства“ од Уставот

by fokus

Северна Македонија користејќи erga omnes (за внатрешна и надворешна употреба) верификувано со уставни измени е основата на договорот што се очекува да биде потпишан во Преспа до крајот на неделава, се вели во документот до кој дојде Алсат од грчки и меѓународни медиумиски претставници во Атина.

Според изворот на Алсат М, договорот, меѓу другото, ги содржи следниве главни точки:

– Референцата „да се заштитуваат македонските малцинства“, се отстранува од Уставот на соседната земја, а делот за истородноста се услогласува аналогно со грчкиот устав.

– Периодот на транзиција се определува со измени на внатрешните документи на соседната земја и тој сложен процес ќе се поврзе со отворање на пристапните преговори со Северна Македонија.

– Ќе се формира комисија којашто ќе ја испитува употребата на трговските термини во двете земји.

– Македонскиот јазик е признаен, со забелешка дека Северна Македонија признава во договорот дека тој јазик има словенско потекло (како што е наведено во рамката на ООН).

– Во делот на националноста, терминот Македонец / граѓанин на Република Северна Македонија се применува со задолжителна напомена дека луѓето од оваа земја немаат врска со античката грчка култура.

Поврзани новости