436
Министерството за внатрешни работи испратило писмо до Основното јавно обвинителство -Скопје, со кое бара што побргу да ги повикаат на сослушување и да им одредат мерки за обезбедување на организаторите на протестите, објави Алсат-М.
Телевизијата од свои извори дознава дека станува збор за четири лица, со иницијали Б.Д, Б.И, Д.Х и И.Д., а кои биле фото-документирани од службите на МВР. Од материјалите со кои располага полицијата, според изворите на телевизијата, се потврдува дека тие лица диригираат со протестите во текот на насилството во Собрание.