Алпинистот Мурсели не најде тим кој ќе го земе во Турција, па тргна сам: Добро е да се помага!

by Fokus

Тетовскиот алпинист и искусен планинар, Надир Мурсели се упати кон Турција да помогне во пронаоѓање на преживеани жители по разорниот земјотрес кој ги погоди оваа земја и Сирија.

Тој пред два дена упати апел да биде земен од некоја екипа што ќе оди кон погодените подрачја, но откако не наиде на помош, Мурсели тргна сам со автобус кон Турција.

„Тргнав сам, иако се надевав дека ќе најдам екипа од Балканот што ќе ме земе, но за жал, тоа не се случи. Во Турција ќе ме чека мојата внука утре. Ќе бидам поврзан со некои од надлежните во кризните подрачја. Колку ќе останам, не се знае, се е отворено. Сите се сочуствуваме со народот од Турција и Сирија. Заминаа пожарникари од Македонија, ќе заминат и лекари. Добро е да се помага“, рече Мурсели за „Фокус“.

Според последните податоци, бројот на жртвите надмина 10.000 луѓе во двете земји и многу држави испратија помош за најпогодените подрачја.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости