„Алкалоид“ прослави 80 години од своето постоење

by Fokus 13:47
13:47

Фармацевтската компанија „Алкалоид“ вчера прослави 80 години од своето постоење. И, по толку години продолжува успешната приказна за најголемата компанија за лекови на чија гламурозна прослава вчера присуствуваа многубројни политичари, уметници, спортисти….

– Би сакал да се заблагодарам што денес сте тука со нас, што заедно можеме да прославиме осум децении истражување, развој, иновации и континурано вложување во основната мисија на Алкалоид, а тоа е подобар и поздрав живот – истакна генералниот директор Живко Мукаетов.

Во 1936 година „Алкалоид“ е основана како компанија со два погона и 15 работници, кои произведувале 350 килограми фармацевтски производи. Денеска, „Алкалоид“ е компанија со над 1.600 вработени, која работи на над 30 пазари во светот. „Алкалоид“ е водечка фармацевтска компанија во Македонија и шеста во регионот на Југоисточна Европа. Во изминативе 10 години, пласманите на „Алкалоид“ од 53 милиони евра во 2005 година дојдоа на речиси 130 милиони евра.

Успешниот бизнисмен Мукаетов честопати истакнува дека е горд што е син на Трајче Мукаетов, кој бил негов ментор во текот на неговото професионало профилирање во компанијата.

 

Поврзани новости