Алити: Една изборна единица за демократизација на Македонија

by Фокус 18:04
18:04

Членот на централното претседателство на ДУИ, Рафиз Алити смета дека најдобро решение за изборниот систем е Македонија да биде една изборна единица. Во интервју за телевизија Телма, тој рече дека сегашниот модел е на штета на помалите етнички заедници и помалите партии.

-Македонија да биде една изборна единица со отворена листа, каде граѓанинот би гласал за партијата, а секако би гласал за кандидатите кои ќе го претставуват. Тоа е важно за демократизација на партиите и воопшто на државата, изјави Алити.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

Што се однесува до идејата ВМРО-ДПМНЕ победникот на изборите да добие 17 пратеници плус, Алити вели тоа би требало да се примени и за албанската партија која ќе освои најмногу гласови.

-Секако истиот принцип треба да важи и за победникот кај Албанците, таа партија да добие 17 или 11 места, со што ќе се гарантира политичка и етничка стабилност на државата, рече Алити.

 

Поврзани новости