Алијанса за Албанците: Со лица инкриминирани во кривични дела, не може да се донесе закон за ЈО

by fokus

Дебатата за законот за Јавно обвинителство треба да биде дебата во која се вклучени криминално чисти лица, а не осомничени и обвинети, како што е случајот со еден број пратеници на ДУИ, реагираат од Алијанса за Албанците.

„Срамно е што ваков закон од ваква важна природа се очекува да го изгласаат овие лица директно инкриминирани во разни кривични постапки.

Алијанса за Албанците смета дека новиот Закон за Јавно Обвинителство не е закон што треба да овозможи политички игри и манипулации. Сметаме дека учеството на овие лица во донесувањето на законот и дискусијата за истиот само ја нарушува целта на законот, што треба да биде функционирање на Јавното обвинителство без надворешни влијанија“, додаваат оттаму.

Поврзани новости