Али Ахмети стана почесен доктор на науки

by fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, доби титула „почесен доктор на науки“ на Универзитетот во Тетово.

-Денешниот чин не му прави чест на Али Ахмети, всушност му прави чест на Универзитетот на Тетово и на целата албанската нација. Затоа што, како што вели и Ниче, почитувањето на големите личности, ја возвишува нацијата. Една личност кој цел живот го посветил на нацијата и еднаквоста, на демократијата и интеграцијата, на образованието и развојот, на правата и достоинството, посветувајќи се целосно во услугата кон другите, вакви личности нацијата ретко раѓа, рече вицепремиерот за политички систем, Артан Груби.

Младинските организации на партиите Алијанса за Албанците и Алтернатива пак додека му се доделуваше титулата на Ахмети, организираа прес-конференција пред Универзитетот во Тетово и посочија на политизацијата на одлуката. Тие поставија иронична изложба на наводни трудови кои според нив се дело на Ахмети.

-На изложбата што ја гледате зад мене, ние откривме само некои од академските списи што оваа личност ќе им ги остави на идните генерации, меѓу кои се: „Стратегија за преместување на младите во егзил без насилство и репресија“, како и најдобрата книга продавач „Достигнувајќи 700 илјади мајки за 1 секунда”. Покрај овие добро познати списи, решивме да откриеме и некои експерименти кои како се резултат го има тоа што десетици Албанци кои денес се испраќаат во затворите во државата , рече меѓу другото Омер Ајдини, претседател на Младинскиот форум на Алијансата за Албанците.

Адем Јашари од „Алтернатива“ рече дека Универзитетот во Тетово не е на Али Ахмети и неговите сопартијци и дека кога ќе бидат на власт ќе му го вратат достоинството.

-Универзитетот во Тетово, кој се издигна над крвта и потта на Албанците не само во нашата земја, за жал денес падна под немилосрдните канџи на политизацијата и партизацијата што ја спроведува ДУИ .Така се вознемируваат коските на Абдилселам Емин, но и Фадил Сулејмани, како луѓе кои жртвуваа сè за формирање на овој Универзитет. Затоа, дури и денес се прашуваме што би рекол Фадил Сулејмани да беше жив за ова газење на Универзитетот за кој толку многу жртвуваше, рече Адем Јашари од „Алтернатива“.

 

Поврзани новости