Али Ахмети: Овој Договор како камен на врат ни тежеше 25 години

by fokus
Демократската Унија за Интеграција за време на вчерашниот ден за да ги информира граѓаните во врска со важноста на процесот на гласањето  ЗА Европска Македонија на 30 септември, одржа средба со граѓаните во Општина Студеничани.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети рече дека на 30 септември се гласа за подобра Македонија, се гласа за Македонија во мир и стабилност, се гласа за Македонија со добри меѓуетнички и меѓусоседски односи.
– Сите се победници, нема губитници во овој договор и Албанците, Македонците, Грците, Бугарите, сите сме победиле затоа што го зајакнуваме мирот, ја зајакнуваме стабилноста, ја зајакнуваме иднината зачленувајќи се во НАТО и Европската Унија. На 30 септември борбата треба да се победи, а оваа борба треба да се победи заедно, Албанци, Македонци,  Бошњаци, Турци, Власи, Египјани, затоа што се добива иднина за новите генерации.  Да се гласа за мир, за стабилност, за економски развој е голема и човечка работа. Ова е историски договор кој што како камен ни тежеше на врат веќе 25 години и на 30 септември овој камен го тргаме од нашиот врат за да може земјата да чекори кон евроатланските процеси, истакна претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Во Општина Студеничани заедно со претседателот на ДУИ, Али Ахмети беше и пратеникот од ова зона, Артан Груби, пратеникот Ејуп Алими, министрите Дураку, Бектеши и Адеми.
Ахмети ја инаугурираше спортската сала во Студеничани, со учество и на градоначалникот на оваа општина, Азем Садику од редовите на ДПА.
За време на денешниот ден, Демократската Унија за Интеграција следните активности во рамките на кампањата за референдумот ќе ги продолжи во Општина Желино и во село Форино

Поврзани новости