Алфите кои го апсеа Љубе остануваат на работа

by fokus

Кривичниот совет денеска ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство која се однесуваше на нивното барање за определување на  мерки за претпазливост за полициските службеници осомничени во предметот „Тортура“, односно забрана за преземање на определени работни активности.

-Како во конкретниот случај се одлучува по предлог за определување мерка на претпазливост, којшто не е поткрепен со ниту еден доказ во поглед на наводите во истиот, а во ситуација кога не е ни поднесено обвинение, туку само е донесена наредба за спроведување на истрага, чиј исход сè уште е неизвесен, неопходно е предлогот за определување на ваквата мерка да содржи доволно докази за постоење на особени околности кои го оправдуваат изрекувањето на мерката, се вели во образложението од Кривичниот совет.

СЈО бараше забрана за преземање на определени работни активности на алфите кои го апсеа Љубе Бошкоски поради можност од повторување на делото, а со цел да се спречат натамошни кривични дела и да се заштитат потенцијалните жртви од исти вакви дела, кои осомничените во рамките на нивните работни задачи може да ги извршат.

Поврзани новости