Дваесет и осум годишниот скопјанец А.Р. кој денеска удри пешак кај трговскиот центар „Капитол“ во скопската населба Аеродром е фатен од страна на Алфите и однесен во полициската станица во Гази Баба, потврдија за „Фокус“ од МВР.
Според информациите на полицијата, денеска во 14 и 40 часот на булевар „Јане Сандански“ во близина на ТЦ Капитол возач на патничко моторно возило „Пежо’ удрил во пешак и истиот напуштил лице место. Шеесет и шестгодишниот пешак од Скопје веднаш со возило на Брза Помош веднаш со возило на Брза Помош е префрлен во Ургентен центар каде е констатирана смрт.
Од полицијата додаваат дека веднаш по незгодата, возачот на „Пежото“ е фатен од Алфа тимовите и е приведен во полициска станица Гази Баба, а пронајдено е и возилото.
Со настанот е запознаено и Јавното обвинителство. Увидот е во тек.