Алексов не верува дека договорот ќе донесе нешто добро

by fokus

Тоа што се случи во изминатиот период од година и пол не ни дава за право да бидеме оптимисти и да кажеме дека на 31 август политичките чинители ќе седнат и ќе речат дека сето ова е добро и дека се оди на избори, вели Дарко Алексов од граѓанската асоцијација Мост во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

-Очигледно во оваа година и нешто наназад ние не видовме вистинска и искрена политичка волја да се гради систем и да се прават независни процеси. Напротив, политиката е длабоко инволвирана во секоја сфера од општественото живеење. Што е битно да се разбере и добро да се испромовира во јавноста во наредниот период како еден од они моменти за да почнеме да влијаеме врз системот и истиот да го одвоиме од државата, вели Алексов.

 

Поврзани новости