Алексов: Граѓаните да се информираат и да гласаат на референдумот

by Фокус

Дарко Алексов, извршниот директор на граѓанската асоцијација МОСТ, која ги набљудува изборните циклуси, смета дека граѓаните треба акивно да учествуваат на претстојниот референдум.

-Граѓаните добро да се информираат и да го искористат своето право на глас, затоа што како граѓани во оваа држава ние користиме одредени бенефиции и права. Како што сакаме да ги користиме привилегиите и бенефициите, исто така треба да ги спроведуваме нашите обврски. Една од обврските е да бидеме активни граѓани и да учествуваме во процесот на донесување на одлуки, а ова е една многу важна одлука од којашто зависи како државата ќе се развива во следните 5-10 години – вели Алексов во интервју за Радио Слободна Европа.

Според него, доколку буџетските средства за кампањата бидат искористени за задоволување на јавниот интерес, тогаш нема ништо проблематично.

Поврзани новости