Александар Стојкоски од ВМРО-ДПМНЕ победи во прв круг во Ѓорче Петров

by fokus

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски победи во првиот круг на локалните избори што се одржаа вчера. Откако Државната изборна комисија ги преброја сите гласови, констатираше дека Стојкоски е новиот градоначалник на оваа скопска општина.

Според официјалните податоци на ДИК, Стојкоски освоил 9.779 гласови, односно 50,24 отсто од гласовите, додека кандидатот на СДСМ, Александар Наумоски освоил 6.597 гласа. Трет е кандидатот на Левица Александар Димитријевиќ со освоени 1.736 гласа.

Поврзани новости