Александар Ружин доби ќерка

by fokus

Поранешниот советник на премиерот Зоран Заев и бизнисмен, Александар Ружин (38) и неговата сопруга Александра добија ќерка. Ова е прво дете за парот кој се венчаше годинава во март, откако лани во октомври претходеше романтично запросување од страна на Ружин, на денот на 28-от роденден на Александра.

Веста за приновата Ружин ја сподели на социјалните мрежи, и откри дека ќеркичката ја крстиле Наоми.

Инаку, бизнисменот беше ангажиран како советник на премиерот за економска, социјална и културна соработка со државите на Бенелукс ( Белгија, Холандија и Луксембург) и Франција. Ангажманот моментално му е во мирување.

-Бев максимално посветен на мојата советничка функција и организирав многу посети на бизнис делегации од овие земји, но сега поради ковид кризата, се е во мирување. Сите сме во очекување на подобри времиња, а мене најубавото нешто кое ми се случи во ова време – невреме е тоа што мојата сакана кажа Да – ни изјави Ружин минатата година, по запросувањето на Александра, која работи како асистент на хирургија во клиниката на д-р Жан Митрев.

Александар е син на професорот и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин. Ова е негово прво внуче.

Вики Клинчарова

Поврзани новости