Александар Наумовски гарантира победа во прв круг во Ѓорче Петров

by fokus 20:24
20:24

Александар Наумовски ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Ѓорче Петров. Наумовски за „Фокус“ ја потврди официјалната кандидатура и најави победа во првиот круг.

-СДСМ и коалиционите партнери ми укажаа голема чест за мојата повторна кандидатура за градоначалник на Ѓорче Петров, да добијам реванш овојпат во фер услови. Голема благодарност за истрајноста и поддршката од ѓорчепетровци во изминативе четири години. Ветувам дека агонијата во којашто беше западнато Ѓорче во последниве години, ќе ја смениме. Тоа Ѓорче го заслужува, да биде модерна општина. Напоменувам дека Ѓорче не признава партии, но огрномниот рејтин кон мене е резултат на препознавањето кој е вистински борец за решавање на проблемите на граѓаните. Тој огромен рејтинг ќе ми биде водилка да не ги разочарам , бидејќи гарантирам победа во прв круг, изјави Наумовски.

Вечерва стана официјална и кандидатурата на Филип Темелковски за кандидат за градоначаник за општина Кисела Вода, исто така од редовите на СДСМ.

- Advertising -

К.С.

Поврзани новости