Александар Наумоски: Панчевски е претпоследното упориште на криминалот на ДПМНЕ и фамилијата!

by fokus

Во исчекување, Судскот совет да одговори на барањето на петнасетмината судии од Основниот суд Скопје 1 да бидат преземени мерки против, како што велат, злоупотребите на Владимир Панчевски, претседател на Кривичниот суд, не стивнуваат реакции пред се кај колегите на обесправените судии, но и во јавноста.

Отворено за „Фокус“, без влакна на јазикот Александар Наумоски , магистер по уставно право – човекови права и поранешен соработник во Бирото за застапување на РМ пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур го анализира избликот на бунтовност на судиите од Основниот суд, но и долгогодишниот притисок врз фелата.

Судскиот совет има доволно докази да покрене постапка против Панчевски и да го разреши, смета Наумоски, а ако не го стори тоа тогаш, сите судии, вели тој, треба да го кренат гласот преку нивното здружение.

„Првенствено е потребно да се увериме дека, судскиот систем-како трета државна власт, се одважил по истек на 10 години константен притисок од ДПМНЕ, да дигне глас во одбрана на својата фела со нивен истап пред јавноста, особено преку можноста за протест. Согласно изјавите на претседателот на Врховниот суд на РМ, кој јавно и на недвосмислен начин укажа на долгодишниот притисок врз судиите од страна на извршната власт. Настаните што се случија во Основниот кривичен суд Скопје 1 Скопје кој е овластен и единствен суд кој одлучува во прв степен за организиран криминал е само последица на константниот притисок од страна на оваа јазјарена орда на власт која ни го урниса целиот општествен систем. Кога претседател на највисокиот суд во редовното судство, третостепениот суд, јавно тоа го констатира отворено во јавноста, створени беа условите за пожестока реакција“, смета Наумоски.

 Според него, оваа ситуација започна со судската админстрација врз која се слеа диригирањето на обврски и работни задачи од страна на ДПМНЕ врз судиите следствено на администрацијата.

„ДПМНЕ беше телепоратор од тефтерчињата на единствената која запишувала кога оваа орда се договорала, Гордана Јанкулоска во тесна корелација со претседателот на Собранието, Вељановски. Претседателот на Кривичниот суд и неговите опструкции врз СЈО, како и неговите дејствија и неговите интерес реалиции со ДПМНЕ беа очигледни. Тој е претпоследно упориште за криминалот на ДПМНЕ и фамилијата. Последна неосвоива тврдина за нив е Уставниот суд на РМ и поништувањето на СЈО и сите негови дејствија“, констатира Наумоски.

Тој вели дека дописот на судиите против Панчевски е мало камче во мозаикот кој треба да биде составен во следниот период до избори. Судскиот совет на РМ има полно право, вели Наумоски, преку слобода на диспозиција и како т.н судски президиум да покрене постапка против Панчевски и да го разреши, практично, за тоа има доволно докази.

„Доколку, Судскиот совет не постапи по барањето на судиите, кои иако доцна се одважија да преземат конкретни чекори, тогаш имаме нов бункерски пристап на ДПМНЕ. Создавајќи меѓузона до одржувањето на вонредните парламентарни избори. ДПМНЕ се веќе прочитани како селски буквар. Единствено што останува како реалност, сите судии да дигнат глас во медиумите преку Здружението на судии или поединечно во некој формат. Тоа граѓаните на Република Македонија го очекуваат од чуварите на нивната правда. Да не го чекаат 11-ти декември денот на парламентарни избори и да зависат од останатите власти, тие се независна судска власт“, порачува Александар Наумоски, магистер по уставно право – човекови права.
С.М.

Поврзани новости