Александар Билјановски-Дадар: Задолжен за разубавување

by Фокус 13:10
13:10

City MallЗадолжен за разубавување. Постојано. Разубавување на другите, на себеси. Има сестра близначка, со која се родени на првиот ден од август. Како и секој астролошки припадник на Лавовите, точно знае што сака и вешто се организира да ги реализира своите соништа. Во празничната атмосфера на Скопје Сити Мол, овојпат се дружиме со Александар Билјановски-Дадар.

Секој ден му почнува со точно определен редослед. Па, и ние решивме да се вклучиме во неговиот план. Прошетката плански ја стартувавме со убаво кафенце за расонување, пред да нурнеме во разгледување на празничната богата понуда на Скопје Сити Мол.dadar 01ФОКУС: Нова година е период за заокружување на импресиите. Како вие ќе ја паметите 2015, кои беа настаните што ви ја обележаа годинава?

- Advertising -

ДАДАР: Среќен сум што измина уште една година со многу случувања. За мене значајно е отворањето на моето ателје за венчални и свечени фустани, нешто што одамна го посакував. 2015 година ми беше година со голем број успешни патувања, посебно во Турција. Таму се претставив во убаво светло, благодарение на светскиот бренд фреш минералс, со кој често правиме презентации и обуки низ Европа.

И „Мое Студио Дадар“ континуирано работи со полна пареа, успеавме да најдеме многу нови таленти во областа на фризирањето и козметиката. Третманите за слабеење со кои постигнавме навистина одлични резултати се нешто на што сме посебно горди. dadar 09ФОКУС: Во женскиот гардеробер, црниот фустан е задолжително или најпосакувано парче облека. Која, според вас, е варијантата кај посилниот пол?

ДАДАР: Според мене, тоа е црното палто, кое може да се комбинира и во елегантна, но и во поспортска варијанта.

ФОКУС: Кои се стилските препораки за новогодишната вечер?

ДАДАР: За дамите ќе напоменам дека треба да се разликуваат од секојдневниот изглед, но не премногу. Посебно шминката треба да биде едноставна, но прецизна, да се користи задолжително коректор, особено во пределот околу очите и носот. Интензивните мат-кармини се ин, особено за гламурозни настани како овој.

И мажите треба да се светнат. Ова вклучува задолжително бела кошула и црно палто, посебно ако сакаат да изгледаат едноставно, а елегантно. За тие што сакаат да се поразлични, препорачувам сако во боја. Оваа комбинација би била вистински шик! dadar 02Дадар со години е заштитно лице на брендот „Битсиани“. Нивната понуда за празничните денови е навистина одлична. Додека ни раскажуваше кој ќе биде неговиот избор за оваа година, го вративме малку во детството. Роден е на први август, а има сестра близнак.

ФОКУС: Велат дека родените во знакот на Лав се кралеви на драмата. Тие се родени лидери, кои се ценат себеси и зрачат со самодоверба. Поседуваат и хумана нишка, но не ја промовираат. Колку од овие карактеристики на Лавовите ги имате и вие?

ДАДАР: Ние, Лавовите, најдобро е да не зборуваме за себе, бидејќи може да бидеме сфатени погрешно. Најдобро е другите да кажат што мислат за нас.

Ќе се сложам дека сме добри лидери, ги сакаме луѓето и животот. Цениме, но и бараме да нѐ почитуваат, сакаме, но и бараме љубов за возврат. Ете, не можам да сопрам… dadar 08ФОКУС: Лавот можеби е крал на џунглата, но вистинската кралица е лавицата. Со оглед на тоа дека имате сестра близначка, кој од вас беше подоминантен кога бевте деца?

ДАДАР: Двајцата доминантни на штета на нашиот постар брат, кој беше секогаш на страна по нашето појавување на сцената. Среќа е што тој е навистина едноставен и толерантен, па секогаш имавме поддршка од негова страна.

ФОКУС: Какви беа вашите соништа како дете? Дали сонувавте дека ќе го работите она што е ваша професија денес?

ДАДАР: Имав и уште имам безброј соништа и желби. Не ни сонував дека ќе работам со шминка, но длабоко во себе знаев дека сакам да бидам успешен, без разлика што и да работам. Едноставно, знаев дека мора да слушнат за мене. Не верувам во среќа, бидејќи, според мене, будалата се надева на среќа, а паметниот на многу работа, труд, самодисциплина, упорност и на професионалност. dadar 10ФОКУС: Кој е стилистот на кој сакате да се огледате?

ДАДАР: Навистина има многу добри примери во светот, но, ете, јас немам идол, го крадам најдоброто од сите.

ФОКУС: Вообичаено, луѓето кои покажуваат внимание за стилот, професионално се вклучуваат во светот на модата. Никогаш не посакавте да бидете моден креатор?

ДАДАР: Никогаш не сум имал преголема желба да бидам моден креатор. Но, еве, денес со помош на моето ателје – Пош Брајдл и со помош на моите дизајнери, креираме стил кој многумина го прифаќаат: Јас сум благодарен на довербата што ми ја укажуваат клиентите.dadar 03Овој период Скопје Сити Мол изгледа волшебно. Од сите страни блескаат украсите кои се дел од магичната приказна и празничната атмосфера. Насмеани детски лиценца, џагор, игра, песни, расположени луѓе, еуфорија, комплетна новогодишна атмосфера во Скопје Сити Мол. Ние, понесени од празничниот амбиент, расположено и љубопитно продолживме во нашата прошетка.

ФОКУС: Дали изгледот е пресуден за успех, денес кога сликата се наметнува повеќе од сѐ друго?

ДАДАР: Апсолутно! Најпрво, сликата што ја оддаваме е таа што комуницира со околината! Мора да бидеме привлечни за око, за да нѐ видат, да нѐ слушнат. Ние емитуваме со помош на стилот, а говорот на телото е сигнал, кој е појак од кој било изговорен збор.

ФОКУС: Како го оценувате стилот на политичарите кај нас?

ДАДАР: За жал, на нашите политичари сѐ им е поважно од стилот! Знам дека нема да се налутат, имаат слушнато и пострашни работи за себе од оваа моја изјава! Секоја чест на исклучоците.dadar 11ФОКУС: Канадскиот премиер, покрај сите негови обележја, многу стилски критичари го издвоија како политичар со стил во 2015 година. Секое негово појавување е стилски уредено до беспрекорност. На што, според вас, треба да обратат внимание политичарите при своите јавни појавувања?

ДАДАР: Најпрво да си купат костуми во точен број! Тоа значи дека ракавите не треба да им бидат долги, како да ги позајмиле од постариот брат, ниту панталоните да бидат широки и предолги. Не мора да размислуваат на оваа тема, едноставно треба да ангажираат стилист, кој ќе направи да изгледаат 70 отсто подобро. Тоа е возможно, и го прави целиот свет! Стилистот прави комбинација за секој ден во месецот однапред, со што проблемот е решен.

ФОКУС: Празниците се време за работите што ги сакаме. Што сакате вие, што ве прави среќен?

ДАДАР: Работата ме прави посебно среќен. Моите внуци, Бојан, Матеј, Стефанија и Марко навистина ми го разубавуваат животот, посебно за време на празниците кога сите сме послободни и можеме безгрижно да се дружиме. dadar 07ФОКУС: Како ја дефинирате љубовта? 

ДАДАР: Ах, љубовта е нешто возвишено. Ситуација што нѐ прави посебно среќни, во надеж дека долго ќе трае и трае. А да, љубовта е и компромис, многу разбирање, поддршка. Вие треба да бидете ветер во крилата на вашата сакана личност, секогаш. Единствено кога една личноста е бескомпромисно слободна да лета, ќе се врати уште посигурна и со поцврста љубов кон вас (ете ја драмата на Лавовите).dadar 12ФОКУС: Може ли да се верува во магијата на љубовта во денешно време?

ДАДАР: Апсолутно! Ако не веруваме во љубовта, тогаш светот ќе потоне во мрак.

ФОКУС: Македонија е земја во која сѐ уште владеат правила на поделби. Ви пречи ли фактот што сѐ уште голем број луѓе во земјава, со неодобрување гледаат на мажите кои внимаваат на својот изглед?

ДАДАР: Сметам дека Македонија стана место каде што мажите почнаа да водат повеќе сметка за својот изглед, па дури и од жените! А за тие што сакаат да бидат немиени, нечисти и неуредни, што да кажам, освен дека се мрзеливи и дека немаат никакво чувство за естетика. dadar 04Неговото чувство за убавина нѐ однесе на местото каде што обично сите го поминуваат овие денови во Скопје Сити Мол. Некои купуваат цвеќе, некои ги пакуваат своите подароци. Ние во цвеќарницата во Скопје Сити мол го правевме и едното и другото.

ФОКУС: Каков ќе биде вашиот стил за новогодишната ноќ?

ДАДАР: Црно-бело.

ФОКУС: Која е личноста со најмногу стил годинава според Вас?

ДАДАР: Каролина Гочеваdadar 13ФОКУС: Кој е вашиот предизвик за 2016?

ДАДАР: Немам одредени цели. Секогаш тргнувам од моменталното решавање на проблемите, а ако имате проблеми, тогаш знаете дека сте на вистинскиот пат.

ФОКУС: Постојат ли ритуали на кои сте доследни во празничниот амбиент, точно на пресекот на двете години, старата и новата?

ДАДАР: Не постојат некои посебни ритуали, освен дека сакам да бидам со најблиските и секако убаво да се забавувам во тоа празнично расположение. dadar 05Во Скопје Сити Мол почнува сезоната на попусти, која овие денови ги прави уште поинтересни. Сите што купуваат, со секоја сметка над 3.000 денари имаат можност да учествуваат во наградната игра за џип „ренегејџ“. И ние одлучивме да бидеме дел од овие активности, па затоа дозволивме да нѐ совлада магијата на Скопје Сити Мол.dadar 06

Поврзани новости