Албин Курти со убедлива победа на предвремените избори на Косово

by Fokus

Денеска се одржаа избори на Косово, на кои беа избираа 120 члена на Собранието. Исходот никогаш не бил помалку неизвесен бидејќи сите анкети покажувале дека движењето Ветевоносје (Самоопределување), предводено од Албин Курти, ќе биде сигурен победник.

Единствено прашање е дали неговата листа ќе добие повеќе од половина од местата, и самата ќе добие повеќе гласови од сите други албански политички партии заедно. Ова само по себе зборува за расположението на јавноста и за тоа како Курти успешно ги претстави овие избори како референдум на кој народот одлучува или за промени, односно за нив, или да се продолжи како порано и да се задржи старата гарда на власт.

Втора партија треба да биде Демократската партија на Косово (ПДК), предводена од поранешниот претседател Хашим Тачи и еден од неговите клучни соработници, Кадри Весели, и двајцата сега во притвор и чекаат судење за обвиненија за воени злосторства. Третата партија треба да биде Демократската лига на Косово (ЛДК), предводена од Иса Мустафа, некогаш национално движење предводено од легендарниот претседател Ибрахим Ругова. Четвртото место треба да го добие Алијансата за иднината на Косово (ААК), предводена од еден од поранешните воени команданти, Рамуш Харадинај. Другите партии нема да го надминат прагот доколку анкетите се покажат точни. Харадинај е тој што може да биде одлучувачки фактор ако списокот на Курти не добие повеќе од 60 места во Собранието.

Поврзани новости