Албанските партии со осуди за говорот на омраза на ВМРО-ДПМНЕ, само ДПА воздржана

by fokus

Албанските партии остро го осудија речникот на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и скандирањата на симпатизерите на протестот ДИК, објави Алсат-М.

-Пропагандистичките политички партиски притисоци како оние кои ги прават македонските политички партии или оние на другите етникуми, не помагаат во процесот и затворањето на кризата- се вели во писмената реакција на ДУИ.

За “Беса” вчерашниот речник на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ги влошува меѓуетничките односи. Партијата повтори дека нема да преговара со актуелното лидерство на ВМРО-ДПМНЕ.

Од „Алијансата за Албанците“ рекоа дека последните изјави на функционери на ВМРО-ДПМНЕ носат длабок национализам и исклучуваат каква било соработка со овој политички субјект.

ДПА не сакаше да реагира на вчерашниот речник на протестите.

Поврзани новости