Албанскиот претседател: Македонец ќе има и во мојот кабинет

by fokus 17:40
17:40

Ви гарантирам дека ќе имате претставник од вашата заедницата и во мојот претседателски кабинет, а како шеф на државата ќе се грижам за сите ваши проблеми, им порача на Македонците на изборен собир во Пустец, Илир Мета, новоизбран претседател на Албанија и екс лидер на ЛСИ.

Поздравувајќи ги на македонски јазик, Мета рече дека задоволство му е што е тука меѓу, како што рече, прекрасната македонска заедница и вети немешање во внатрешните работи на Македонија и примена на повисоки европски стандарди за сите граѓани без разлика на етничката припадност.

- Advertisements -

-Ние не се мешаме во внатрешните работи во Македонија, ниту сакаме тие да се мешаат во внатрешните работи на Албанија, но и тие и ние имаме обврска да применуваме повисоки европски стандарди за сите граѓани кои живеат тука или таму, без разлика на етничката припадност, далеку од секој вид на дискриминација. Како претседател на сите граѓани на Албанија ќе доаѓам тука заедно да ги решаваме проблемите од секој аспект и ќе го помагам негувањето на вашите традиции, фолклор, обичаи, јазик и култура, рече Мета.

Ги повика Македонците да го дадат гласот за кандидатската листа на ЛСИ на која се наоѓа, како што рече, идниот пратеник Васил Стерјовски.

Поврзани новости