Албански интелектуалци бараат Заев да објави се за албанските политичари

by Фокус

Опозицискиот лидер Зоран Заев да ги објави сите материјали што ги поседуваа, особено оние што се однесуваат на историското минато на политичарите Албанци во Македонија, побараа албански интелектуалци, политички организации, невладини активисти и други јавни личности кои се потписници на платформата „И Албанците без хипотеки“.

„Нема стабилност без слобода, без правда, без демократија, без рамноправност и без транспарентност на државата кон Албанците и кон сите други народи во Македонија. Сметаме дека не постои цена која може да го образложи криминалот на било која власт кон своите граѓани. Дури токму необјавувањето на тие податоци ја зголемува можноста за дестабилизација на државата и да се зголеми дозата на недоверба помеѓу заедниците, како и кон државните институции“, стои понатаму ви писмото.

Поврзани новости