Албански државјанин починал откако дрво паднало врз него

by fokus

Жител на Албанија починал откако, собирајќи дрва, на него паднало дрво. При несреќата тој се здобил со тешки повреди на главата, но обидите за реанимација од медицински лица биле неуспешни.

„Во полицијата вчера во 12:50 часот е пријавено дека на место викано „Гропа“, атар на село Франгово,  струшко, Б.Х.(36) од Република Албанија, додека собирал дрва, на него паднало дрво. Од ударот тој се здобил со повреди во пределот на главата, по што неговите другари го однеле во село Мали Влај, каде од страна на медицинска екипа бил  направен обид за реанимација, но не покажувал знаци на живот. Подоцна во Медицинскиот центар Струга била констатирана  смрт. По Наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.“

Поврзани новости