Албанија: Лажна вест е дека ќе градиме Центар за повратници од Исламската држава

by fokus

Албанската влада во врска со  информациите на медиумите дека во Албанија  ќе се формира Центар за повратници на припадници на терористичката  ИД од балканските земји,реагираше доцна попладнево, нагласувајќи  дека  не постои никакво барање или план за такво нешто.

– Тоа се лажни вести, со провокативен и политички карактер, отворени шпекулации дека наводно во Албанија ќе биде отворен Центар за балкански повратници од ИД. До сега не постои никаква идеја,барање,план или можност за такво нешто, изјави Сандер Леши, советник за безбедност на премиерот Еди Рама.

Според него злоупотребена  е една фраза од изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов „која нема никаква врска со она што тој го изјави“.

– Напротив станува збор за Центарот за координација против насилниот екстремизам,што беше и организатор на меѓунанродната конференција што деновиве се одржа во Тирана а на која учествуваше и премиерот Борисов. Албанија предложи овој центар да  прерасне во регионален,каде ќе бидат обработувани анализи, оценки, истражувања, студии, размена на информации,како и заеднички програми против насилниот екстремизам,- тврди Леши.

Посочува,дека овој центар не е, не може да биде а и никој ни не помислил да се претвори во центар за прифаќање на поранешни борци на ИД од балканските земји.

Поврзани новости