Албанија лансира специјално лого за донации

by Fokus 13:24
13:24

Албанија лансира специјално лого, со кое бара помош и солидарност по разорниот земјотрес што ја погоди државата. Во земјотресот од 6,4 по Рихтер загинаа 49 лица и нанесена е голема материјална штета.

Албанското лого ги охрабрува сите кои имаат можност да донираат средства на е-albania.al/donate.

- Advertising -

Четири дена по катастрофалниот земјотрес што погоди делови од Албанија, проследено со 1.000 средно-силни и послаби потреси, сеизмологот Едмонд Нуши од албанскиот институт за геологија вели дека тлото конечно започнало да се смирува и последователните земјотреси се се помалку и помалку.

Според него, целокупната сеизмичка активност оди кон смирување.

Нуши во изјава за албанската ТВ Ора Њуз рече дека сеизмичката активност сè уште постои, но дека е значително поспора.

Сепак мнстерлката за одбрана Олта Џачка упат апел да не се влегува и престојува во оштетените објекти, додавајќи дека „никој нема да остане на улица“.

Во меѓувреме двајца од тешко повредените кои беа хоспитализирани во клиниката за трауматологија во Тирана, со хеликоптер се транспортирани на потанамошно лекување во Италија.

Поврзани новости