Албанија ги доби првите вакцини против корона вирусот

by Fokus

Албанскиот премиер Еди Рама на првиот ден од новата 2021 година, како што рече, албанските граѓани ги израдува со убава вест а тоа дека се обезбедни првите 500.000 вакцини од компанијата „Фајзер“.

-Албанија ги обезбеди првите 500.000 дози на вакцината од компанијата Фајзер. Мојот шопинг во Њујорк заврши успешно. Договорената количина ќе се плати веднаш врз основа на условите и стандардната постапка на компанијата со сите земји без исклучок. Првите 10.750 вакцини од овој договор ќе пристигнат во Албанија во третата недела од јануари, други 30.250 дози ќе пристигнат во февруари, а останатите, месец по месец според планот за вакцинација. Ова е најдобриот можен почеток на оваа клучна година за уништување на овој невидлив непријател, рече Рама.

Поврзани новости